Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ во Косово ќе потпише Договор за заемна правна помош во граѓанските предмети

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Косово.

Предвидено е да има средба со косовската министерка за правда Албулена Хаџиу, по која ќе го потпишат Договорот за заемна правна помош во граѓанските предмети.

Од Министерството за правда пред состанокот нагласуваат дека помеѓу двете држави постојат тесни економски, политички, културни и други врски, поради кои е потребно олеснување на постапките пред институциите на двете држави.

„Со склучувањето на овој договор се воспоставува и дипломатскиот пат на комуникација, кој ќе овозможи побрза и поефикасна граѓанска постапка и ќе се овозможи директна комуникација меѓу надлежните органи на двете држави за побрз одговор и од двете страни, без претходно да се процедурите да минуваат преку двете министерства “, велат од правда.

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК