Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Автомобил удри во велосипедист во Скопје, возачот избегал

Седумдесет и четиригодишен велосипедист е тешко повреден откако во него удрил автомобил, а возачот избегал.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера на крстосницата од ул.„Самоилова“ и сервисна улица што ги поврзува ул.„Самоилова“ и ул.„Иљо Војвода“ во Скопје, кога возило „цитроен Ц5“, со скопски регистарски ознаки, управувано од непознат возач, удрило во велосипед, управуван од Т.Т.(74) од Скопје. Возачот избегал.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Филипче бидејќи не знаеш мора да ти кажеме јасно, има соработка и официјални договори со Унгарија, а не како што е во твојата глава дека имало тајни бизнис врски

ДЕСК

ДРАМА ВО БАЛИНДОЛ: Дете со тешки повреди по удар од автомобил кој побегнал

ДЕСК

ТЕШКА НЕСРЕЌА КАЈ ТЕТОВО: Четирицикл излета од пат – двајца млади тешко повредени

ДЕСК