24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Се наоѓаме во критична фаза наметната од мутациите на коронавирусот

Се наоѓаме во критична фаза наметната од мутациите на коронавирусот. Овие мутации заедно со четвриот бран во кој се наоѓаме и антиваксерското дезинформирање на населението, недвосмислено ја укажуваат потребата од масовно, точно информриање за вакцинирањето. Тоа е пред се наша одговорност, истакна на денешната прес-конференција премиерот Зоран Заев на која ја најави новата владина кампања „Вакцинирај се“.

Посочи дека сите мора да разбереме дека вакцините се единствениот спас од тешки форми на болеста и смртен исход од вирусот.

-Според динамиката со која бројот се зголемува пред нас е период во кој ситуацијата може да биде навистина критична. Поголемиот број новозаболени е најизразен во градовите со помал опфат на вакцинирани граѓани. Смртните случаеви и воглавно оние со потешки форми се невакцинирани, сосема мал е бројот на заразени помеѓу вакцинираните и сите се со лесна клиничка слика, истакна Заев.

Заев вели дека граѓаните мора да имаат точни и стручни информации за да се запре прогресот на пандемијата.

-Новите мерки што ги донесе владата даваат ефекти, подгледнете ги бројките од кога се мерките, имаме над 1.160.000 дози кои се аплицирани досега, истакна Заев.