Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Од денеска лични карти со новото име на државата

Министерството за внатрешни работи од денеска почнува со издавање лични карти за граѓаните на кои ќе биде впишано новото уставно име на државата – Северна Македонија.

Со цел да се надминат проблемите со издавање нови лични карти, Владата минатата недела донесе подзаконски пропис со Законот за лични карти и Законот за јазици, со кој се овозможува непречено издавање лични карти.

Издавањето лични карти со новото име речиси два месеца е блокирано со бројни амандмани на опозицијата во Собранието, поради што сè уште не се донесени измените на Законот за лични документи.

Старите лични карти со натпис Република Македонија, на кои не им е истечен рокот, ќе важат најдоцна до 12 февруари 2024 година.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Од денеска зголемување на платите во образованието за нови 7,5%, што е дел од колективниот договор

ДЕСК

Гаши: Соживотот и дијалогот клучни за стабилноста во регионот

ДЕСК

Денеска и утре обилен дожд и силен ветер, од недела стабилно и потопло време

C +