22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИСИЗБОРТОП ВЕСТИ

Костадин Костадинов: Странски инвестиции во ТИРЗ кои носат нови работни места и повисоки плати, економијата расте

Прес-конференција на Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник:

Мерките и политиките што ги презема Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, даваат позитивни економски резултати.

Бележиме сериозно зголемување на економската активност во Технолошко индустриските зони.

Според официјалните податоци, за период од една година бројот на работни места во ТИРЗ-овите е зголемен за осум отсто.

Забележен е раст од 56 отсто на извозот во ТИРЗ во првите седум месеци, односно тој достигна над 1 милијарда евра.

Само годинава во ТИРЗ се склучени договори со вкупен обем на инвестиции од над 120 милиони евра кои во наредниот период треба да донесат 1.970 нови работни места, над 2 милијарди приходи, а само овие компании во државата меѓу другото треба да уплатат над 70 милиони евра за придонеси и данок на добивка.

Меѓу последните инвестиции е онаа од страна на компанијата „Алмак-Дура Екстружн“ во Технолошко-индустриската развојна зона – Скопје 2 во вредност од 30 милиони евра.

Сето ова влијае на отворање нови добро платени работни места кои позитивно влијаат врз растот на просечната плата, но и на намалување на стапката на невработеност.

Просечната плата во јуни годинава изнесува 28.724 денари, што е за 7 отсто, односно за над 1.800 денари повеќе во однос на јуни минатата година.

Стапката на невработеност е на историски најниско ниво со тенденција дополнително да се намалува.

Ова се само дел од позитивните економски параметри кои ја потврдуваат успешноста на мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ.

Како одговорна партија продолжуваме посветено да работиме на градење стабилна, развојна и динамична економија која носи шанса за сите.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Македонската економија привлекува мултимилионски инвестиции

M T

СДСМ: Во услови на криза обезбедуваме стабилна економија и помош за граѓаните

M T

Европска банка за развој: Економијата на Украина ќе падне за 30 отсто оваа година

M T

Ангеловска-Бежоска ‒ Ван Гелдер: Монетарната политика е соодветна и помага за ублажување на ефектите врз економијата

M T

СДСМ: Владата е подготвена да ја заштити домашната економија од следни предизвици

M T

Светска банка: Народната банка активно ја унапредува регулативната рамка за ефикасен и сигурен банкарски систем

M T