Првиот Вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и министерот за економија, Крешник Бектеши беа во посета на општина Липково, поточно во населените места, Лојане, Слупчане и Оризаре.
Во селото Лојане министрите го промовираа почетокот на изградбата на секундарната водоводна мрежа. Владата за овој проект од ТАВ Програмата и додели на општина Липково сума од 22.021.091,95 денари, додека покрај овој проект во оваа месност се реконструира и резервоарот за вода за пиење.
И во Слупчане беше инаугуриран почетокот на изградба на системот за водоснабдување, проект во вредност од 27.934.673,00 денари. Овој проект е финансиран во соработка помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и општина Липково.
Денеска стартуваше почетокот на работите за реализација на проектот за водоводната мрежа, проект финансиран од Министерството за
животна средина и просторно планирање, во износ од 32.452.614,00 денари.
„ Со овие проекти што Владата ги финансира за општина Липково, се заокружуваат проектите во некои села на општина Липково, за снабдувањето со вода за пиење. Со реализацијата на овие проекти кои Владата ги финансира за општина Липково, на секое семејство ќе им се обезбеди вода за пиење и сите ќе имаат пристап до една стабилна водоводна мрежа“ велат од кабинетот на Груби.