22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Богданка Кузеска: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ застанаа зад протест на кој се навредуваа новинари

Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски застанаа зад протестите кои го загрозуваат јавното здравје и на кои се ширеше говор на омраза.

СДСМ најостро ги осудува пораките, извиците, говорот на омраза и навредите кои јавноста можеше да ги слушне, а беа упатени кон докторите, медицинскиот персонал, но и кон новинарите.

ВМРО ДПМНЕ застана позади протест на кој новинарите беа нарекувани платеници и нивната работа беше омаловажувана.

Во време на пандемија и новинарите се тие кои секојдневно се изложени на ризик по своето здравје, но и по здравјето на нивните најблиски.

Новинарите се тие, кои со единствена цел да ја информираат јавноста, секојдневно се во опасност да се заразат од Ковид 19, додека професионално ја вршат својата работа.

Токму новинарите се тие кои во скафандер ризикуваа и влегоа во ковид болниците, меѓу пациентите со тешка клиничка слика, се’ со цел да ја подигнат свеста на граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита и да го прифатат процесот на имунизација.

Тие се луѓето од кои секојдневно ги добиваме потребните информации и тие најмалку треба да бидат навредувани и нарекувани платеници и тоа на протест поддржан од ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски – посочен извор на лажни вести, чиј ментор е бегалецот од Будимпешта, место од каде според словенечки новинари истражувачи, се финансираат одредени медиуми во Северна Македонија кои пласираат лажни вести, а денес се гласни против вакцините, против мерките за заштита од Ковид 19 и го поддржуваа протестот на којшто професионалните новинари беа навредувани.

Почитувани,

Мицкоски се повеќе се докажува како неодговорен политичар кој очајно гледа шанси во вакви и слични протести и на кого му одговараат лажни вести – Впрочем и тој самиот како сопственик на фб профил и беше посочен за извор на лажни вести во студија на ЕУ.

Ако има и минимум одговорност, Мицкоски треба да излезе и да повика на почитување на мерките и масовна вакцинација, а не да поддржува протести со кои се нанесува штета на здравствениот систем и се напаѓаат новинари и доктори.

Почитувани,

Денеска повторно ги повикуваме сите кои кои досега не сте вакцинирани да го направите тоа што поскоро во најблискиот вакцинален пункт, да си го заштитите своето лично здравје и на најблиските.

Не подлегнувајте на лажните вести, следете ги официјалните информации , почитувајте ги мерките за заштита и само на тој начин ќе ставиме крај на пандемијата со коронавирусот.

Можеби ќе ве интересира

Кузеска: Нови 280 договори за поддршка со компании

M T

47 полициски службеници се повредени во протестот на подрачјето на СВР Скопје

M T

СДСМ: Каков дебакл, пропаднатата блокада Мицкоски ја замени со протест за месец од сега

M T

Богданка Кузеска: Мицкоски да поднесе оставка и да се извини за лагите

M T

Богданка Кузеска: Лагите на Данела Арсовска се разобличени, в недела да се обединиме за Скопје да продолжи напред

M T

Богданка Кузеска: ВМРО ДПМНЕ и Данела без идеја и став, за Скопје нудат веќе реализирани проекти на Шилегов

M T