Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Уште еден руски дипломат е протеран од Македонија, потврди Османи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи потврди денеска дека руски дипломат е протеран од земјава.

„ Бидејќи информациите од тој тип се обично од доверлив карактер, не можам да влегувам во детали, меѓутоа МНР секогаш кога ќе добие потврдени и документирани информации за однесување на акредитирани странски дипломати коешто е спротивно на приницпите на Виенската конвенција презема мерки за заштита на својата национална безбедност, меѓутоа и безбедноста на сојузниците во сојзуот во којшто припаѓаме. Така да, информацијата е точна“ изјави Османи.

Во мај годинава МНР веќе прогласи еден дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за непожелна личност во Република Македонија. Русија тогаш реагираше со преземање реципрочни мерки, односно со протерување на еден вработен во нашата Амбасада во Москва.

Можеби ќе ве интересира

НЕВРЕМЕ НА ДЕЛ ОД ТЕРИТОРИЈАТА: Западот и југот со пообилни врнежи и засилен ветер

ДЕСК

(ФОТО) Зоран Заев присуствуваше на роденденот на СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС живее во светот на бајките и лагите, не ВМРО-ДПМНЕ, ММФ вели дека сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови

ДЕСК