Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

За пожарите во изминатото деноноќие биле ангажирани 640 полициски службеници

Во текот на изминатото деноноќие, во активностите за гаснење и превенирање на пожарите од страна на МВР беа ангажирани 641 полициски службеник, вклучувајќи ги и припадниците на сите специјални единици на полицијата, реализирани 206 мото-патроли и користени 162 моторни возила.

Во истиот период поднесена е една кривична пријава во врска со пожар настанат на 13 август на подрачјето на Дебарско, против двајца албански државјани.

МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец.

Можеби ќе ве интересира

Хорор: Двајца мажи во стан во Неготино имале полов однос во присуство на други лица, меѓу кои и 15-годишен малолетник

ДЕСК

Двајца браќа измамени за 15.000 евра

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК