Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Навремено исплатени околу 10 милиони евра субвенции на сметките на речиси 12 илјади земјоделци

Соопштение на СДСМ:

„СДСМ и Владата предводена од премиерот Зоран Заев продолжува со вистинска грижа за земјоделците, особено кога поддршката од државата им е најпотребна.

10 милиони евра субвенции се исплатени на сметките на речиси 12.000 земјоделци.

Субвенции се исплатени за фармери кои имаат обележани грла говеда, кози, а пари на сметки имаат и сите фармери кои задржале женско јагне.

На тутунопроизводителите исплатени се 11,4 милиони денари за произведен и предаден тутун од реколта 2020 година.

Продожуваме со навремена и неселективна исплата на субвенции, во интерес на секој земјоделец.

4 милијарди денари веќе се исплатени за земјоделците, а со усвоениот ребаланс на располагање имаме уште 3 милијарди денари.

Со заокружување на овие исплати во 2021 година се очекува да се исплатат рекордни 115 милиони евра за над 66.000 земјоделци.

Во наредниот период следи исплатата на субвенциите и преостанатите субвенции.

Државата е тука за земјоделците, грижата за нив останува врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ.

Создаваме услови за раст и развој на агро-секторот, за земјоделците да продолжат да произведуваат квалитетни производи“

Можеби ќе ве интересира

Два нови пилоти завршија обука во Шпанија за гаснење пожари, се приклучуваат на ДЗС

C +

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +