ВМРО ДПМНЕ со конфузно и неточно соопштение обвини дека Заев и Филипче се на одмор во Грција, а во Македонија имало нов бран на новозаразени.
-Државата тоне се подлабоко со епидимијата, секој ден се зголемуваат бројките на заразени и починати од пандемијата. Само последните 6 дена, откако Заев и Филипче се сликаа во Македонија, па се вратија на плажите кај нашиот јужен сосед, во Македонија имаме нови 3336 новозаразени и 30 починати граѓани, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.
Centar.mk изврши проверка и доби потврда дека ниту премеирот Зоран Заев, ниту пак минситерот за здравство Венко Филипче се на одмор.
Министерот за здравство Венко Филипче е во Охрид и даде изјава за медиумите. Тој постојано ги брифира и информира граѓаните за актуелните податоци во врска со опасната пандемија.
Денеска пак во посета на Охрид на спортски настан е и премиерот Зоран Заев.
Интересно е што ВМРО ДПМНЕ ја обвинува власта за зголемувањето на бројот на заразени од една страна, додека пак од друга страна упатува обвинувања за новите рестриктивни мерки кои имаат за цел за поголема вакцинација на населението.