Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Васев: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се заглавени во деструктивните политики на етнички поделби, Рамковниот договор е темел на грѓанскиот концепт кој обединува

Бегањето од одбележување на 20 годишнината од Рамковниот договор е тешко политичко лицемерие кое потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ се уште е заглавена во поделбите на граѓаните, по етнички линии, рече на прес-конференција, Стефан Васев од СДСМ, која ја пренесуваме интегрално:

Охридскиот Рамковен договор е мировен договор кој ја отслика фактичката реалност – дека фундаментот на државата е граѓанскиот концепт на соживот меѓу македонскиот народ и другите етнички заедници.

Но и после 20 години, безидејни и деструктивни политичари како пироманот Христијан Мицкоски се уште сеат и промовираат поделби.

Учинокот на ВМРО-ДПМНЕ во црните страни на нашата понова историја е голем.

Воениот конфликт во 2001 се случи токму во време на ВМРО-ДПМНЕ, кога осудениот криминалец и шеф на Мицкоски, бегалецот Никола Груевски беше министер за финансии.

Како документ кој донесе прекин на воените дејствија, Охридскиот рамковен договор е потпишан и од ВМРО-ДПМНЕ.

Политичкиот пироман и безидеен учесник во политичкиот живот во земјава, Христијан Мицкоски, се обидува постојано да влече назад.

Во неговото деструктивно делување нема ништо добро и корисно за државата, ниту за која било заедница или наш сограѓанин.

Се покажа дека “Македонија на сите луѓе” е лажен слоган.

Почитувани, тоа разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Концептот Едно општество за сите е концепт на СДСМ кој обединува, концепт на граѓанска држава.

Изминатите години го покажаа токму тоа, политиките на СДСМ обединуваат, обезбедуваат стабилност, мир, економски развој и напредок.

Политиките на СДСМ движат напред, носат повеќе пари кај граѓаните, кај фирмите, носат подобар живот за сите.

Можеби ќе ве интересира

Македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Државата Катар и Обединетите Арапски Емирати да побараат помош

C +

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

C +

СДСМ бара реакција од ДКСК и повлекување на Ефимија од Развојната банка поради конфликт на интерес

C +