Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МНР: Граѓаните да не патуваат во Авганистан поради влошена безбедност

Поради влошената безбедносна состојба и зголемениот интензитет на воени дејствија во Исламската Република Авганистан, Министерството за надворешни работи препорачува на сите граѓани на Република Северна Македонија да не патуваат во Авганистан, а доколку моментално се наоѓаат во земјата, заради лична безбедност да заминат во најскоро можно време.

Министерството за надворешни работи ги повикува сите државјани на Република Северна Македонија кои се наоѓаат на територијата на Исламската Република Авганистан, во случај на итна потреба и барање помош, да се обратат на следниот телефонски број +389 75 273 732.

Можеби ќе ве интересира

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС е спотер а сватот на Али Ахмети акционер, стана јасно зошто Фатмир Бесими ја поднел точката на влада за деловни односи Алта Банка

ДЕСК