Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Сите тековни и релевантни анкети покажуваат нова победа на СДСМ на престојните локални избори

Сите актуелни и релевантни анкети покажуваат дека на престојните избори следува нов пораз на ВМРО-ДПМНЕ и нова изборна победа за коалицијата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.

Тоа го покажаа претходно објавените анкети на Брима, ИРИ, како и анкетата спроведена од Телма/МЦМС. Поголемата доверба во премиерот Зоран Заев и политиките на Владата на СДСМ ја покажа и анкетата на НДИ објавена денеска.

Застарената анкета објавена од Националниот демократски институт, спроведена во март, а објавена денес, потврдува дека Заев има повисок рејтинг од лидерот на опозицијата Мицкоски.

Оваа „рециклирана“ анкета доаѓа како утеха за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи во март имале повисок рејтинг од СДСМ. Кога ќе се споредат движењата на рејтинзите од повеќе релевантни анкети, јасно се гледа кои партии и коалиции граѓаните ги гледаат како победници на престојните локални избори.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО 2027 ГОДИНА – Еве кога ќе одмораат граѓаните и кои празници паѓаат во сабота

ДЕСК

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи

ДЕСК