Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Сопствениците на „Рагуза“ му се заблагодарија на Шилегов што навреме ја купи противпожарната скала

По вчерашниот пожар во ресторанот „Рагуза“ на кровот на катната гаража „26-ти јули“, се огласија од познатиот ресторан, а сопствениците се заблагодарија на брзата интервенција на пожарникарите.

Посебно му се заблагодарија и на скопскиот градоначалник Петре Шилегов за навремената набавка на противпожарната скала со која синоќа за релативно кусо време беше изгаснат пожарот кој избувна додека таму имаше свадба.

„Почитувани пријатели и клиенти на Ragusa360|Rooftop. Ви благодариме на грижата и сите пораки кои ги добивме во врска со пожарот кој избувна вчера во рамки на нашиот ресторан. За таа цел сакаме да ве известиме дека за среќа нема жртви ниту повредени. Иако се соочуваме со голема материјална штета, бидејќи пожарот избувна во машинските и помошните простории, сепак ресторантскиот дел е во сосема добра состојба. Искажуваме огромна благодарност до противпожарната служба за брзата интервенција. Дополнително благодарност и до градоначалникот Петре Шилегов за набавката на новото противпожарно возило без кое огнот немаше брзо да се локализира и несомнено ќе имаше поголеми последици. Очекуваме ресторанот нормално да функционионира за 10 дена.“, напиша семејството Голомеиќ на својот „Фејсбук“.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК

СИНОПТИЧАРИТЕ СО НОВИ НАЈАВИ ЗА ВРЕМЕТО – Метеоролозите објавија четиридневна прогноза за времето

ДЕСК