Centar.mk
вестЛОКАЛНО

Поради реконструкција на улица изменет сообраќаен режим за три линии на ЈСП

Oд денеска, понеделник (9 август), линиите 5, 11 и 11А во реонот на Дексион, имаат изменет режим на сообраќај од вообичаениот, поради градежни зафати на улица Кузман Шапкарев.

Од ЈСП информираат дека автобусите од посочените линии ќе возат по новиот режим, сè до завршување на градежните активности кои се изведуваат по налог на Град Скопје.

ЛИНИЈА 5

*автобусите од семафорите на булевар Ѓорче Петров вртат лево кон болницата „Санте плус“, па потоа кружно излегуваат повторно на булеварот и продолжуваат по редовната траса
*автобусите за почетно/крајна постојка ја користат постојката во Јурија, а истата постојка ја користат
и возилата од линија 160
*посочениот режим важи и во двете насоки на сообраќање

ЛИНИИТЕ 11 и 11А

*автобусите во насока од Рашче и Свиларе кон Транспортен центар, од Дексион се пренасочени по улица Црногорска, па десно по улица Атанас Иљоски, лево на улица Борис Сарафов и продолжуваат право на кружниот тек, па од кај Порта Влае продолжуваат по редовната траса
*автобусите во насока од Транспортен центар кон Свиларе и Рашче сообраќаат по редовните траси

Можеби ќе ве интересира

БЕЗ ВОДА ДЕЛ ОД ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – Прекин од 9 часот, не е утврдено кога ќе завршат работите

ДЕСК

СКОПЈЕ ГИ ПОВИКУВА НАЈМЛАДИТЕ – Новогодишните желби ќе се собираат од утре

ДЕСК

Зголемен возниот парк на комуналното претпријатие во Општина Илинден

ДЕСК