Во Медулин, тие одлучија да им стават крај на туристите кои оставаат крпи и лежалки на плажа со цел да го зачуваат своето место.
Имено, општинските управители секое утро ги носат сите крпи и лежалки од плажа до складиштето на општината, а доколку некој ги сака назад, треба да плати 500 куни, или 250 куни на лице место.
Акцијата за собирање крпи и плажи ја спроведуваат тројца комунални чувари, и тие го полнат целиот автомобил со „улов“ од две помали плажи.
Сепак, истите правила не важат за сите плажи. Контролите се најстроги на природните плажи и јавни површини, пренесува Индекс.


