20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНОИЗБОР

„Сите заедно можеме“ од Струмица го прифати повикот од локалниот клуб на СДММ за помош и поддршка во справувањето со пожарите

Соопштение на Здружението на граѓани „Сите заедно можеме“ од Струмица:

Поаѓајќи од добро познатата народна поговорка која вели дека на луѓето треба да им се помогне тогаш кога им е најтешко, ние од Здружението на граѓани „Сите заедно можеме“ од Струмица го прифативме повикот од Локалниниот клуб на СДММ од нашиот град за помош и поддршка во справувањето со пожарите кои го зафатија малешевскиот регион. За таа цел десет волонтери од нашето здружение вечерва заминуваат во подрачјето на селото Будинарци, за да бидат на располагање на одговорните лица кои се задолжени за справување со огнената стихија која се случува во атарот на ова населено место. Подготвени сме на такви чекори и во наредните денови, доколку за тоа има потреба, но ги повикуваме и сите останати добри луѓе да ни се придружат, прифаќајќи го апелот на ЛК на СДММ. На тој начин ќе ја потврдиме вистинитоста која се содржи во името на нашето здружение.