16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ангелов: Рано е да се споделуваат импресии од делувањето на романскиот авион

Романскиот авион Ц27Ј Спартан делуваше два пати на пожарот во Малешевијата, останува да направи уште еден налет, а потоа ќе продолжат армиските хеликоптери, истакна попладнево директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

„За рационализација на времето, за намалување на потребното време на гаснење од страна на хеликоптерите, на само неколку километри од пожарот однесовме цистерна со керозин каде што хеликоптерите полнат гориво и нема потреба да летаат до Скопје, со што значително го скративме времето и воедно на истото место, односно во близина, полнат вода од базен за да не се губи време да се оди до вештачките акумулации коишто се малку подалеку“, рече Ангелов на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека ова е прво искуство на македонските служби со авион Ц27Ј Спартан кој носи шест тони вода и затоа, како што кажа, рано е да се споделуваат импресии.

Помошникот раководител на ЦУК, Марија Милкова, истакна дека авионот има голем досег и затоа се делува само од воздух.

На попладневната прес-конференција, од ЦУК соопштија дека активни се седум пожари и дека екипите се спрвуваат со нив на терен. Тоа се пожарите во Пехчевско-беровскиот регион, Делчевскиот регион, пожарот кај селото Разловци, кај велешкото село Џудимиринци, во Кавадарци кај Манстирец, во Петровец во село Градманци и во Старо Нагоричане, Жељувино.

Од утринава до 16 часот екипите успеале да изгаснат дел од пожарите, но на неколку места низ Македонија повторно дошло до акивирање на стихијата.

Спонзорирано: