Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Осомничен за трговија со дрога нападнал и удрил полицајци

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, како и за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1.

На 5 август, осомничениот од Скопје набавил наркотична дрога и се качил во такси возило со кое се упатил кон Гостивар со намера таму да ја препродаде. Во автомобилот дрогата ја држел во ќеса меѓу нозете на совозачкото седиште. Полициски службеници го запреле возилото и при прегледот пронашле 199,6 грама марихуана и 2,37 грама кокаин. При обидот да ја одземат дрогата и да го лишат од слобода, осомничениот дал активен отпор, ги нападнал и удрил двајцата полициски службеници, нанесувајќи им телесни повреди.

Јавниот обвинител со судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.​

Можеби ќе ве интересира

Отсјај од рефлектори на небото над Битола направи паника, отвори дилеми и шекулации на социјалните мрежи

ДЕСК

ШОК ВО СКОПЈЕ: Како закочил автобус со неисправни сопирачки, а бил полн со 85 деца, 37 над дозволеното!?

ДЕСК

ХАОС СО ВРЕМЕТО: Од кочан ладно време веднаш доаѓаат температури и до 25°C – Метеоролозите со повеќедневна прогноза

ДЕСК