Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешко повреден 83-годишен кумановeц, со мопед излетал од патот

83-годишно лице од Куманово добило тешки телесни повреди кога изгубило контрола и излетало од патот со мопедот што го управувал.

Според полицијата, вчера, околу 10.05 часот, во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово – с. Табановце, Љ. С. (83) од Куманово, управувајќи мопед „томос“, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Во незгодата тешки телесни повреди добил Љ. С., констатирани во Општа болница Куманово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Можеби ќе ве интересира

ОД ВТОРНИК СЛЕДУВА ЗАТОПЛУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Температурите ќе достигнат до 19 степени, но се најавуваат магла, дожд и силен ветер

ДЕСК

ПЕТ ПРИЈАВИ ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ – Во едно деноноќие пријавени демнење, закани и напади

ДЕСК

ОД УТРЕ ПОВТОРНО ДОЖД – Промена на времето, на планините можен слаб снег

ДЕСК