Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Во Скопје казнети 136 возачи, 32 за брзо возење

По засилените акциски контроли, вчера, на територијата на град Скопје биле изречени вкупно 136 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 32 санкции, 12 за возење без возачка дозвола, две за возење под дејство на алкохол.

Изречени биле и 12 мерки за користење мобилен телефон, две за нерегистрирани возила, четири за непрописно престигнување.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, најавија од полиција, и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можеби ќе ве интересира

ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ СО ВРЕМЕТО: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Цела недела променливо облачно време, за викендот невреме

C +

Уапсени 34 возачи, изминатите два дена 1.026 сообраќајни прекршоци

C +