Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Пет години од катастрофалните поплави во Стајковци, во кои загинаа 22 лица

На денешен ден пред пет години Скопскиот Регион го зафати временска непогода со катастрофални поплави, кои однесоа 22 човечки живота, а над 1.000 граѓани беа евакуирани.

Најпогодени беа Стајковци, Смилковци, Сингелиќ и Арачиново.

Во текот на 24 часа, на 6 август 2016, во Скопје наврнале 92,9 литра на квадратен метар, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето имало повеќе од 800 грома.

Невремето и поројот од вода предизвика пад на дрвја, а домовите останаа без електрична енергија. Речиси илјада граѓани беа евакуирани во текот на ноќта на 6 август.

8 август 2016 беше прогласен за ден на жалост.

Можеби ќе ве интересира

ОД ВТОРНИК СЛЕДУВА ЗАТОПЛУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Температурите ќе достигнат до 19 степени, но се најавуваат магла, дожд и силен ветер

ДЕСК

ПЕТ ПРИЈАВИ ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ – Во едно деноноќие пријавени демнење, закани и напади

ДЕСК

ОД УТРЕ ПОВТОРНО ДОЖД – Промена на времето, на планините можен слаб снег

ДЕСК