Град Скопје објави Јавен повик за ангажирање асистенти за потребите на учениците со посебни образовни потреби во Средните училишта на Град Скопје за учебната 2021/2022 година.
Сите евидентирани невработени лица што се заинтересирани да се вклучат во програмата општинско-корисна работа во рамките на проектот „Поддршка на инклузијата во образовниот процес-унапредување на правата и можностите за ранливите категории на граѓани во Град Скопје“ можат да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување на град Скопје, до 13.08.2021 година.
Лицата што ќе бидат избрани ќе бидат ангажирани 20 часа неделно за период од 9 месеци и ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање во висина од 9.000 денари месечно, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување предизвикано од повреда на работа и професионална болест. Целта на проектот е овие лица да се стекнат со вештини и постепено да се вклучат на пазарот на труд.
Евидентираните невработени лица што ќе се пријават за учество во програмата „Општинско-корисна работа“ треба да припаѓаат на една од следниве целни групи невработени лица: долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години); млади лица до 29 години; лица постари од 50 години; лица корисници на право на парична помош од социјална заштита или корисници на паричен надоместок по основ на невработеност; лица кои биле корисници на Програмата условен паричен надоместок за средно образование; лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа; жртви на семејно насилство; жени припадници на ромската етничка заедница; самохрани родители; родители на деца со пречки во развојот; родители на 3 и на повеќе деца; родители на деца на улица и невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на Корона вирусот-COVID-19.
Заинтресираните невработени лица пријави за учество можат да поднесат во Агенција за вработување на Република Северна Македонија- Центар за вработување на град Скопје, во периодот од 04.08.2021 година до 13.08.2021 година, од 08:00 до 14:00 часот.
Заинтересираните невработени лица детални информации за Програмата ОКР можат да добијат во Град Скопје, Сектор за образование од 08:30 до 16:30 часот, секој ден кај лицето Султана Чулева, Општински координатор на програмата „Општинско-корисна работа“, на телефонскиот број 070/303-885.
Јавниот повик може да се види и преземе на следниот линк – https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/javni-povici/