Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МОН: По десет години повторно ги враќаме стипендиите за постдипломски студии во државата, конкурсите се во тек

Откако пред 10 години беа укинати, од студиската 2021-2022 година Министерството за образование и наука повторно ќе доделува стипендии за студии од втор циклус во државата, со што се обезбедува поддршката што младите ја побараа од МОН и од Владата. Конкурсот е веќе објавен и може да се погледне на следниот линк.

Со измена на програмата за научно – истражувачка дејност на МОН, воведени се 50 стипендии за студии од втор циклус во земјата од научно подрачје природно – математички науки (поле биологија, физика, гео-физика, геологија и минералогија, хемија, биохемија, математика и информатика) и технички технолошки науки (електротехника, електро-машинство, електроника и автоматика, енергетика, геодезија, градежништво и водостопанство, хемиско инженерство, хемиска технологија, компјутерска техника и информатика, машинство, материјали, металургија, применета геологија и геофизика, рударство, технологија на прехранбени производи, текстилна технологија и телекомуникациско инженерство), со месечна стипендија од 9.000 денари за девет месеци во годината.

МОН ги охрабрува заинтересираните кандидати да ги разгледаат условите и да аплицираат доколку истите ги исполнуваат. Постапката за аплицирање е дигитализирана преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk, со што значително се поедноставува начинот на остварување на правото. Кандидатите кои немаат можност да аплицираат електронски, пополнуваат хартиена пријава и ја доставуваат потребната документација по соодветниот конкурс во Министерството за образование и наука.

Поддршка при аплицирањето обезбедува Секторот за наука и иновации. Личните контакти на сите вработени, вклучително и на вработените во овој сектор се наведени на следниот линк – https://mon.gov.mk/page/?id=6.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК