13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Жештините попуштаат, следува драстична промена – Од утре невреме во делови на Македонија

Утре времето ќе се задржи сончево и екстремно топло.

Во попладневните и ноќните часови, како и во петок претпладне наместа ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер (над 80 км/час) и услови за појава на град.

Во петок и сабота температурите ќе опаднат за 4 до 5 степени.

Прогноза за 06.08.2021
Минимална температура: 15°C до 24°C
Максимална температура: 29°C до 38°C
Променливо облачно и посвежо, претпладне со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. УВ=8

Прогноза за 07.08.2021
Минимална температура: 11°C до 20°C
Максимална температура: 30°C до 38°C
Претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. УВ=9

Прогноза за 08.08.2021
Минимална температура: 11°C до 21°C
Максимална температура: 32°C до 40°C
Сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ=9

Спонзорирано: