22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Жештините попуштаат, следува значителна промена на времето – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

Продолжува периодот на стабилно и натпросечно топло време. До четврток ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. Во четврток попладне и во петок се очекува дестабилизација која ќе услови локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во петок температурата ќе се намали за околу 5 степени.

Прогноза за 05.08.2021
Минимална температура: 13°C до 24°C
Максимална температура: 34°C до 41°C
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. УВ=9

Прогноза за 06.08.2021
Минимална температура: 12°C до 22°C
Максимална температура: 29°C до 38°C
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, попладне со умерен до засилен северозападен ветер. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. УВ=8

Прогноза за 07.08.2021
Минимална температура: 10°C до 20°C
Максимална температура: 30°C до 38°C
Претежно сончево и топло со слаб до умерен северозападен ветер. УВ=9