23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ненад Јовановиќ: Мицкоски, увек други, никад први!

Фејсбук статус на аналитичарот Ненад Јовановиќ за посетата на Христијан Мицкоски во Белград:

Мицкоски, увек други, никад први!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски отишол во Белград на гости кај претседателот на Србија Александар Вучиќ!
И?

Според фејсбук статусот на Мицковски: разговарале за „европските перспективи и регионалната соработка“!

Значи Мицкоски отишол дури до Белград за да разговара за „Отворен Балкан“ со Вучиќ.

Но Економскиот форум за регионална соработка заврши пред неколку дена и тоа овде во Скопје! Не морал да оди Мицковски во Белград за да разговара за регионалната соработка, можеле и тука да го направат тоа.

Патем, тогаш лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не се изјасни најпозитивно за регионалната соработка за која рече дека таа не смее да биде замена за ЕУ интеграциите.

И кога се виделе, тој на Вучиќ му рекол дека „иднината не е во градење ѕидови, туку мостови“ кои ќе донест подобар и побогат живот на сите.
Ама нели тоа го кажа Заев на Форумот (цитирам):

„Нашите народи, пред себе имаат ист пат. Имаме иста визија и исти вредности. Тоа се европските вредности. Одиме по истиот пат, заедно, напред, поврзани. Балканот доволно долго беше опкружен со ѕидови. Наместо ѕидови, денеска изградивме нови мостови”, рече македонскиот премиер Зоран Заев на заедничката прес-конференција по одржувањето на „Економскиот форум за регионална соработка“.

Кој знае што си помислил Вучиќ во тој момент? Дека Мицкоски не го следел Економскиот форум воопшто и не знае која е идејата на иницијативата “Отворен Балкан“, па набрзина го прочитал говорот на Заев. А можеби и не знае дека зад таа идеа за регионално поврзување, првично наречена „мал Шенген“, стои и Зоран Заев.

Или можеби Мицковски и Заев имаат ист ПР тим, па по пат му го дале стенограмот од говорот на Заев, или не дај боже дека некој од „бунтовниците“ му го подметнал.

Но, веројатно претседателот на најголемата опозициска партија немал време да се подготви повеќе затоа што до долго во ноќта гасеше пожари низ Македонија, откако го прослави Велигден во Ташмаруништа. Откако согледал дека ситуацијата е под контрола, можел да замине за Белград и да се посвети на регионалната соработка.

Но, сепак, Мицкоски стасал втор. Втор може да се биде на Олимпијада, а во политиката ако не си прв тогаш си задоцнил. Но не му е прв пат да биде втор на Мицкоски.