Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Филипче: Со премиерот Заев остануваме цела ноќ во Кочани – мобилизирани се сите медицински екипи, а тука е и тимот од клиниките во Скопје доколку има потреба

– Медицинските екипи од Кочани и околните општини се целосно мобилизарани како и тимот од Клиниките во Скопје доколку е потребна интервенција. Нема повредени со изгореници во пожарот во Кочани. На десетина пациенти им била дадена лекарска помош поради вдишување на чад. Четворица од нив се пуштени дома, а петмина се задржани во болница и примаат кислородна терапија. За неколку часа ќе бидат испратени на домашно лекување, соопшти Минитерот за здравство Венко Филипче.

– Со претседателот на Владата Зоран Заев остануваме во Кочани цела ноќ, огнената стихија е локализирана, но будно ја следиме состојбата на терен и сме во целосна координација со сите екипи и институции, рече министерот Филипче.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖД И СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ ВО МАКЕДОНИЈА – Денеска температури до 18 степени

ДЕСК

Почна гласањето во Брвеница – гласаат вкупно 107 болни лица

ДЕСК

РОДИТЕЛИТЕ ИМ ГО ПРЕПИШАЛЕ СТАНОТ НА ДЕЦАТА – Што ако еден ден им кажат дека повеќе немаат право да живеат таму?

ДЕСК