Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Пендаровски: Издадов наредба Армијата да се вклучи во гаснење на пожарите

Во врска со големите пожари што денеска ја зафатија североисточна Македонија, Претседателот на РСМ, Стево Пендаровски, вечерва се огласи со статус на неговиот Фејсбук профил.

Тој посочи дека воздухопловите на Армијата веќе интервенирале во гаснење на пожарот кај Старо Нагоричане, Кумановско, а дека утре изутрина ќе интервенираат во Кочани.

– Вечерва во Крушево, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски ме информираше за состојбата со пожарите низ земјата и посебно за големиот пожар во Кочани доцна попладнево. Наредбата како Врховен командант за ангажман на Армијата со целосен капацитет ја дадов во 16:30 минути. Одобрена е и употреба на воздухопловите, кои денеска веќе интервенираа во Старо Нагоричане, а утре наутро одат на помош во Кочани. Во текот на денот беа ангажирани над 170 припадници на Армијата, а во текот на ноќта ќе се следи состојбата на терен и ќе се ангажираат дополнителни сили, како и средства за справување со состојбите и помош на населението насекаде каде што има потреба, соопшти Пендаровски.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за убиство на свиреп начин во кумановско, се испитува поврзаност и со други случаи

C +

Кузеска: Парите што ги планираа за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

C +

Тошковски за „Клик Плус“ на ТВ 21: Докажавме дека со системот Безбеден град можеме европска вредноста да реализираме во Македонија, во фаза на имплементација е паметен зелен бран на скопските булевари

C +