Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Делегација на Град Скопје положи цвеќе по повод Илинден

По повод големиот државен празник Денот на Републиката – 2 Август, Илинден на кој се одбележуваат 77 години од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ и 118 години од Илинденското востание, делегација на Град Скопје, денеска (2.8.2021 година), положи цвеќиња на повеќе споменици во градот.

Официјалната делегација на Град Скопје, составена од членовите во Советот на Град Скопје, Анета Стојановска-Стефанова, Бранко Георгиевски и Михаела Иванова, положи цвеќиња пред споменикот на Методија Андонов-Ченто на плоштадот „Македонија“, пред споменикот на АСНОМ во паркот „Жена-борец“ и пред споменикот на Никола Карев пред Собранието на Република Северна Македонија.

Цвеќиња пред спомениците на Методија Андонов-Ченто, на АСНОМ и на Никола Карев, положија и делегации од Владата на Република Северна Македонија, Собранието на Република Северна Македонија, Канцеларијата на Претседателот на Република Северна Македонија, Министерството за одбрана на Република Северна Македонија, ГШ на Армијата на Република Северна Македонија, членови на Сојузот на борците, претставници на политичките партии, на дипломатскиот кор, како и на здруженија на граѓани и на организации.

Можеби ќе ве интересира

Закани за наводно поставени бомби во училишта, констатирано е дека пријавите се лажни

ДЕСК

Во една мултиетничка општина, етничките поделби не се најдобра стратегија, порача Касами

ДЕСК

Касами: Работев за сите граѓани на Тетово, без оглед на етничката припадност

ДЕСК