23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев: На последните избори ветив дека ќе се намали админстрацијата и тоа се случи 

Бројката на администрацијата се намалува и тоа го потврдуваат сите официјални бројки. Но, државата мора да продолжи со нејзина рационализација и допрофесионализација, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на пратеничко прашање.
 
-Како кандидат за премиер на последните избори ветив намалување на администрацијата и тоа се случува и ќе продолжи да се случува, се надевам по природен пат, поради пензионирање, поради заминување на работа во приватниот сектор а притоа тоа вработените што остануваат во администрацијата ќе бидат допрофесионализирани и ќе бидат уште поефикасни и поефективни затоа што само на тој начин ќе ја унапредува смислата на постоењето на јавната администрација и на државните и сеопштите јавни институции кои треба да им служат на граѓаните, рече тој.

Според Заев, денес може да се каже и дека е направен сериозен исчекор кон департизација на администрацијата. Но, како што порача, реформите за ефикасна, ефектна и професионална јавна админситрација мора да ги поддржи и Собранието.
 
Вработувањата во последниов период, информира, се заради пополнување на испразнетите места – пензионирања и заминувања на некои граѓани во приватниот сектор. Овие позиции, објасни Заев, поради короната не можеа да се пополнат зашто финансиите од Буџетот беа насочени пред се кон поддршка на економијата и здрваството.
                                                                                                                                                
– Реформите во јавната админситрација треба да бидат поддржани од Парламентот, посебно законите кои во септември ќе бидат на дневен ред. Тие се изработени од експерти, зборуваат и со опозицијата и ќе ги почнат сите разговори паралелно со владејачките партии со цел реформата да ја поминеме заедно. Верувам дека можеме да успееме во тоа. Транспарентноста е најголем сојузник во департизацијата на администрацијата и нејзината професионализација, а со новите законски решенија верувам дека ќе го унапредиме процесот кој сите тежнееме, истакна Заев, одговорајќи на прашањето на пратеникот Кирил Пецаков.
 
Заев посочи дека од 165 000 во 2017 година, администрацијата денес е сведена на 132 000.