Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Генералниот секретар Николовски во Охрид: СДСМ постојано се менува на подобро, СДСМ води на сите анкети затоа што граѓаните го препознаваат нашиот одговорен и чесен пристап

Вечерва, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски присуствуваше на изборна конференција на ОО СДСМ Охрид, по која општинската организација доби нов претседател и ново раководство.

– Охрид веќе има потврден кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ и анкетите на јавното мислење покажуваат дека сме фаворити и овде во Охрид и низ многу општини, затоа што со силното присуство на терен, со проектите што ги реализиравме, граѓаните прават разлика меѓу нашата понуда и блокадите и деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ, порача Николовски.

Николовски додаде дека е горд што сите функционери на СДСМ се секојдневно на терен, на маалски средби, од врата на врата, таму каде што СДСМ припаѓа, меѓу граѓаните.

– Владата и локалната самоуправа предводена од СДСМ во Охрид и градоначалникот Константин Георгиевски покажаа што значи вистинска грижа за Охрид. Последна потврда за тоа е и одлуката на Комитетот на УНЕСКО, Охрид да не биде впишан во листата на светско наследство во опасност, што е признание за нашата посветеност да го зачуваме и унапредиме квалитетот на живот во овој регион, потенцираше Николовски.

СДСМ е убедлив фаворит на локалните избори во Охрид, затоа што се менува, затоа што граѓаните се наш приоритет, затоа што со новото раководство на ОО СДСМ Охрид и градоначалникот одиме на убедлива победа заради нашата програмска и кадровска понуда, заклучи Николовски.

Можеби ќе ве интересира

УТРОВО НУЛА СТЕПЕНИ ВО ЛАЗАРОПОЛЕ, 11 ВО ОХРИД И ПРЕТОР – Објавени измерените температури низ Македонија

ДЕСК

ПАРТИЈАТА НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ БАРА ПОСТРОГИ КАЗНИ ЗА КОРУПЦИЈА – Целосна конфискација на незаконски стекнатиот имот

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС и ДУИ го расчистија теренот за сватот на Али Ахмети да му ги чува и препродава акциите на Давор Мацура

ДЕСК