20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
rpt
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Стартува меѓународниот мониторинг на случаите на организиран криминал и висока корупција

Денес министерот за правда Бојан Маричиќ учествуваше на настан за одбележување на активностите за мониторинг на судски процеси во областа на организираниот криминал и корупција, регионален проект на Мисијата на ОБСЕ и ЕУ во земјава.

,,Искрено верувам дека следењето на судењата за случаи на корупција на високо ниво и организиран криминал навистина може да биде еден од начините за постигнување резултати. Ќе ја зголеми одговорноста во работењето на обвинителите и судиите, истовремено ќе ја зајакне борбата против корупција, но и ќе ја зголеми довербата кај граѓаните во институциите и во својата држава”- истакна министерот за правда Бојан Маричиќ.

Според него, фактот што ние сме првата земјава во регионот која од ЕУ побара веднаш да ја стартува иницијативата за мониторинг на предмети за висока корупција, покажува дека Владата има искрена намера за неселективна правда и транспарантни судски процеси – рече Маричиќ.
Во своето излагање министерот за правда, пред првите луѓе на Мисијата на ОБСЕ и ЕУ во земјата, се осврна и на важноста и придобивките од заедничката соработката, посочувајќи го проектот за мониторинг како значаен исчекор напред во борбата против корупцијата, којашто бара силна поддршка и вклученост на сите засегнати страни.

Министерот за правда верува дека неговата лична заложба и на Владата ќе се исполни и вистински овој мониторинг ќе помогне на македонското да стане европско судство.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Маричиќ: Со европската перспектива обезбедуваме повеќе европски програми и нови можности за младите

M T

Маричиќ: Судските реформи се клучни за забрзување на евроинтеграциите

M T

Маричиќ: Во преговарачката рамка нема ниту едно прашање поврзано со историјата и Протоколот

M T

Маричиќ: Важно е и опозицијата да биде вклучена во преговорите, верувам дека ВМРО – ДПМНЕ ќе ја сфати тежината на овој процес

M T

Маричиќ: Државниот завод за статистика се подготвува за спроведување попис на земјоделство во 2023

M T

Маричиќ од Луксембург: Статистичките податоци ќе бидат важен дел од преговарачкиот процес

M T