Centar.mk
МАКЕДОНИЈАЛОКАЛНО

Градот Скопје ќе прска против ларви од комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на ден 30.07.2021 година (петок) ќе се прска против ларви од комарци, според следниот план:

– Авионската дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се врши на 30.07.2021 година (петок), во раните утрински часови.

– Терестричната дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се врши на 30.07.2021 година (петок), во текот на денот.

Доколку временските услови не дозволуваат да се прска, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Можеби ќе ве интересира

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

C +

СДСМ: Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски

C +

Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање

C +