Centar.mk
МАКЕДОНИЈАСПОРТ

Дочек за олимпиецот Дејан Георгиевски утре на плоштад „Македонија“

Олимпиецот Дејан Георгиевски кој освои сребрен медал во таеквондо на Летните олимписки игри во Токио утре ќе пристигне во земјава, а во негова чест ќе биде организиран свечен дочек на плоштадот „Македонија“ во Скопје во 19 и 30 часот, информира Македонската таеквондо федерација.

„Да го пречекаме олимпискиот вицешампион Дејан Георгиевски во Македонија. Утре (четврток) 29.07.2021 со почеток во 19:30 часот на плоштад веднаш до триумфалната порта ‘Македонија’ да го пречекаме нашиот јунак, нашиот херој, нашиот олимписки сребрен медалист Дејан Георгиевски. Ве очекуваме во што поголем број, плоштадот да ни биде тесен, да покажеме што значи ова момче за Македонија, да покажеме што значи Македонија“, велат од Македонската таеквондо федерација.

Георгиевски им се заблагодари на сите за поддршката.

„Од срце ви благодарам за поддршката кон мене и мојот тим. Од Олимписките игри во Токио носам сребрен медал со златен сјај. Утре ве повикувам кај порта ‘Македонија’ во 19:30 часот на заедничка прослава на овој голем успех“, вели Георгиевски.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за убиство на свиреп начин во кумановско, се испитува поврзаност и со други случаи

C +

Кузеска: Парите што ги планираа за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

C +

Тошковски за „Клик Плус“ на ТВ 21: Докажавме дека со системот Безбеден град можеме европска вредноста да реализираме во Македонија, во фаза на имплементација е паметен зелен бран на скопските булевари

C +