Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски по секоја цена брани осудени насилници и организатори за упадот на 27 април

Нервозната одбрана на ВМРО-ДПМНЕ на лицата што денеска беа осудени како организатори на упадот од крвавиот четврток само потврдува дека во оваа партија нема никаква промена, дека таму сѐ уште е силно присутна режимско-насилничката матрица, реагираат од владејачкиот СДСМ на денешната прес-конференција на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„27 април, крвавиот настан на кој учествуваше и самиот Христијан Мицкоски, е најцрниот датум во историјата на македонската демократија кога по налог на Никола Груевски толпа насилници се обидоа да убијат пратеници и новинари и да спречат трансформација на власта. Со денешните пресуди се затвора најсрамното поглавје во историјата на независноста. Колку ли се големи хипотеките на Мицкоски, штом мора постојано да брани осудени насилници и криминалци? Колкав е партиско-политичкиот долг на ВМРО-ДПМНЕ, штом се во постојано заложништво на политиките на Мицкоски?“, прашуваат во писменото соопштение од СДСМ.

Од оваа партија додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, конечно, треба да сфатат дека заврши времето на контролирано судство, да сфатат дека никако нема да успеат да ги одбранат криминалот и насилството и дека сѐ додека се на страната на криминалците, ќе бидат поразувани од граѓаните, се додава во писмениот допис од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Од денес до четврток АХВ ќе спроведе симулациска вежба за болеста шап и лигавка

ДЕСК

Крмов: Владата ги жртвува капиталните инвестиции за да ги покрие тековните буџетски обврски – 90% од буџетот одат за плати, пензии и долгови

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа

ДЕСК