Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

За четири години реконструирани 58 објекти, во моментов дополнително работиме во пет градо

Во рамки на стратешките активности за континуирано подобрување на материјално-техничките и инфраструктурни капацитети на македонската полиција, покрај 58-те веќе реконструирани објекти, Министерството за внатрешни работи продолжува понатаму со подобрување на условите во полициските објекти и во другите градови.

Во моментот се реализираат реконструкциски активности во Куманово, Прилеп, Крушево, Чашка и Полициски центар Ѓорче Петров.

Како и во веќе завршените 58 објекти, и во овие, следејќи ги стандардите на енергетска ефикасност и заштеди на енергија, истовремено се запазува и потребата од заштита на животната средина, преку замена на постојните начини на загревање со поставување на парно греење, наместо досегашната употреба на огревното дрво како енергенс. Притоа, старите прозорци се заменуваат со нови ПВЦ прозорци, се врши замена и на внатрешната дотраена столарија и изработка на надворешна фасада.

Актуелното раководство Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со силна мотивираност да ги гради севкупните капацитети на институцијата и да создава модерна, опремена, стручна и мотивирана полиција која ќе испорача уште подобри резултати во работењето, во полза на сите граѓани на Република Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК