Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Шилегов и делегација на Град Скопје положија цвеќиња за загинатите во земјотресот во Скопје

Денеска (26.07.2021 година, понеделник), на градските гробишта во Бутел, домашни и странски делегации положија цвеќиња пред споменикот на загинатите од катастрофалниот земјотрес во Скопје во далечната 1963 година.

Во чест на загинатите, венец положи и официјална делегација на Град Скопје, предводена од градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, а составена од секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска-Мадиќ и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева. Пред Споменикот цвеќиња положи и делегација на Советот на Град Скопје, составена од советниците Бранко Георгиевски, Ирена Попова и Бојан Ивановиќ.

Со положување цвеќиња почит на жртвите во земјотресот во Скопје што се случи пред 58 години, дадоа и делегации од државниот врв на Република Северна Македонија, делегации составени од претставници од политичките партии, делегации од општините во градот Скопје, претставници од Црвениот крст на град Скопје, претставници од јавните претпријатија и културните установи на Град Скопје, претставници од институции во нашава земја, граѓани, како и делегации од странство во нашава земја.

Можеби ќе ве интересира

СТУД ЌЕ ЈА ОКОВА МАКЕДОНИЈА, ДОАЃА И ЗАСИЛЕН ВЕТЕР: Meteocentar со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски: Лага е дека има договор за мигранти, граѓаните да бидат спокојни

ДЕСК

Митрески: До кога владата ќе си игра мајтап со работниците?

ДЕСК