Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Криминалот и корупцијата се заштитен знак на ВМРО-ДПМНЕ

Криминалот и корупцијата се заштитен знак на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ се спротивставува на корупцијата и постапува по наодите на меѓународните и домашни извештаи, реагира СДСМ, по прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Криминалот и корупцијата се заштитен знак на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која 11 години бесрамно ја пљачкаше државата, додека граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови.

Десетици судски предмети и веќе ефективни затворски казни за високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ се најдобар доказ како оваа партија работела во 11 години на режим и заробена држава.

ВМРО-ДПМНЕ е партија на браникот на криминалот и затоа, денес, оваа партија е најмалку повикана да зборува за правда, за борба против криминал и корупција.

За разлика од нив, СДСМ преку Владата и инситуциите што ги предводи е силно посветена на ефикасна и неселективна броба против секој вид на криминал и корупција.

Прочистувањето на правосудството, зголемувањеto на транспарентноста на институциите, новата стратегија за конфискација на имот, дигитализацијата на институциите и унапредувањето на системот за јавни набавки се важни процеси за зајакнување на капацитетите во борбата против криминалот и корупцијата.

По спроведените реформи, денес правосудството ги има сите услови за професионално и непристрасно одлучување, ослободено е од какви било влијанија на извршната власт, а органите на прогонот несомнено постапуваат неселективно, без разлика за кој функционер станува збор.

За разлика од владите на ВМРО-ДПМНЕ кои ги игнорираа сите забелешки во домашните и меѓународните извештаи, денес Владата предводена од СДСМ тие наоди сериозно ги анализира и презема конкретни чекори. Денес, по сите преземени мерки и предвидени иницијативи и процеси, Владата предводена од СДСМ упатува сериозна порака до сите носители на јавни функции, до сите граѓани дека криминалот и корупцијата не се исплаќаат и истите ќе бидат казнети согласно законите“, се наведува во реакцијата.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК