Centar.mk
МЕТЕОCENTAR

Сончево со мала до умерена облачност и температури до 35 степени

Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, по должината на Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени. УВ=8

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Во наредните денови, според најавите од УХМР, следува период на стабилно време, в четврток со умерен, по должината на Повардарието засилен ветер од северен и северозападен правец. Дневните температури ќе бидат без позначителни промени, а утрата ќе бидат посвежи.

Позначителен пораст на температурите ќе има од недела.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ВРАЌА ЗИМАТА, ДОЖД И СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА – Метеоцентар со детална прогноза

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК

ДОАЃА МНОГУ ДОЖД ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАЃААТ: Синоптичарите со нови најави за почетокот на следната седмица

ДЕСК