Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Се судрија полициско возило, „БМВ“ и „Мерцедес“: Пет лица меѓу кои и полицајци завршија во болница во Охрид

Пет лица се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 17:20 часот на магистралниот пат Струга – Граничен премин „Ќафасан“.

Како што информира МВР, во сообраќајната несреќа учествувале патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, патничко возило „бмв“, со швајцарска национална ознака, управувано од Р.Н.(38) од село Градец, гостиварско и патничко возило „мерцедес“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(25) од Охрид. Во незгодата, двајца полициски службеници, возачот на возилото „бмв“ и двајца сопатници од неговото возило се здобиле со повреди, констатирани во Медицинскиот центар Струга и болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

Можеби ќе ве интересира

Предлог-законот за јавно обвинителство на јавна расправа

ДЕСК

ПРЕСВРТ СО ВРЕМЕТО: Студена воздушна маса носи дожд и снег низ Македонија – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Расчистен случај со лажна сообраќајка, лишен од слобода скопјанец, одреден му е притвор

ДЕСК