Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пронајдена марихуана во Кичево, приведено едно лице

На 19.07.2021 во 14.15 часот на ул.„11 Септември“ во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Д.С.(25) од Кичево, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.

Подоцна, од неговиот дом се одземени 13 ќеси со марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а Д.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

НАПАД СО МЕТАЛЕН ПРЕДМЕТ ВО МАРКЕТ ВО СКОПЈЕ – 55-годишник пријавил насилство во Карпош

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – Оштетен автомобил со српски регистарски таблички

ДЕСК

АПСЕЊЕ ВО ШТИП – Полицијата запрела „сеат“, во возилото пронашла марихуана

ДЕСК