СВР Скопје поднесе кривична пријава против 52-годишен жител на Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 03.11.2026 во Скопје полициски службеници извршиле преглед на возило, кое го управувал пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена Застава“ калибар 7,65 мм со рамка и муниција.


