12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

ДДВ-то за струјата на домаќинствата се намалува од 18 на пет проценти

Пониска цена за електричната енергија и пониски трошоци за домаќинствата е целта на измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадената вредност на Министерството за финансии, усвоен денеска во Собранието на РС Македонија, информира Министерството за финансии.

Според усвоените измени и дополнувања на Законот за данокот на додадената вредност, даночната стапка за прометот на електричната енергија кон домаќинствата се намалува од 18 на пет проценти. Намалената стапка во согласност со законското решени ќе се применува со денот на спапување во сила на Законот за измената и дополнувањето на Законот за данокот на додадената вредност сѐ до 30 јуни 2022 година. По овој датум во наредната година, односно од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година, ќе се применува повластена даночна стапка од 10 проценти за прометот на електричната енергија кон домаќинствата, појаснуват од Финансии.

Целта на воведување на повластените даночни стапка за прометот на електрична енергија кон домаќинставата, како што додаваат од Министерството, е да се овозможи пониска цена за граѓаните и намалување на нивните трошоци.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Бислимоски: Потрошувачите плаќаат колку што трошат, РКЕ не ги признава кражбите на електрична енергија

M T

Ковачевски: Правиме сѐ за да обезбедиме електрична енергија по цена под берзанската

M T

ЕСМ: Приоритет ќе бидат граѓаните, вишоците електрична енергија може да се понудат на стопанството

M T

Со новото праведно тарифирање, оние кои трошат помалку, плаќаат помалку струја

M T

Костадин Костадинов: ДДВ за струја намалено од 18 на 5 отсто, грижата за граѓаните продолжува

M T

Македонија прва во Западен Балкан се обврза дека ќе го напушти производството на струја од јаглен

M T