Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

УХМР со предупредување: После врелиот бран очекувајте промена – најавени жештини, дожд и грмежи

Денес во попладневните и вечерните часови ќе има развој на локална нестабилност проследена со намалена видливост. Во северните делови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд, грмежи и засилен, повремено силен ветер (над 60 км/час) од променлив правец.

Денес и утре времето ќе биде многу топло. Утре кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а за време на викендот и на почетокот на идната седмица ќе има почеста појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Температурата од утре ќе биде во постепено опаѓање.

Прогноза за 17.07.2021
Минимална температура: 13°C до 22°C
Максимална температура: 29°C до 36°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=8

Прогноза за 18.07.2021
Минимална температура: 13°C до 21°C
Максимална температура: 27°C до 35°C
Променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=8

Прогноза за 19.07.2021
Минимална температура: 13°C до 21°C
Максимална температура: 27°C до 35°C
Променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=8

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Ако регионот се обедини, може да понуди реализација на проекти во енергетиката во висина од четири илјади милијарди во следниве 10 години

ДЕСК

СИНОПТИЧАРИТЕ СО ВОНРЕДНО МЕТЕОПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Подгответе се за невреме проследено со дожд, снег и силен ветер

ДЕСК

Прегазено 11 годишно дете – итно пренесено во клиничка болница

ДЕСК