Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

„Тендери“ се одложува поради разрешувањето на поротникот Сандев

Рочиштето за предметот „Тендери“ кој беше влезен во давање завршни зборови, односно беше пред пресуда се одложува до назначување на нов судија-поротник, соопшти Кривичниот суд. Со разрешувањето овој предмет ќе се суди од почеток.

Ова доаѓа откако поротникот Митко Сандев беше разрешен од функцијата по барање на претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев.

Од Судскиот совет образложија дека Сандев има наполнето 60 години и според Законот за судии, тој повеќе не може да ја извршува функцијата.

Случајот „Тендери“ се однесува на тендерот за изградба на Музејот на македонската борба, а првообвинета е поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска.

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +