Centar.mk
БИЗНИС

Општина Центар ја плати последната рата од кредитот за катната гаража „Судска Палата“

Општина Центар ја отплати последната рата од кредитот подигнат за изградба на катната гаража „Судска Палата“, спроти комплексот факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, до зградата на МРТВ.

Кредитот за изградба на катната гаража е подигнат во 2011 година, од страна на тогашното општинско раководство и изнесува вкупно 2.535.000 евра, односно околу 156.200.000 денари.

Со кредитот се финасираше изградбата на катната гаража „Судска Палата“, која заврши кон крајот на 2012 година и во моментов, во склоп на гаражата се наоѓаат и административните простории на општинското јавно претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“.

„Подигнатиот кредит имаше рок на отплата од 10 години, со грејс период од 2 години, а Општина Центар редовно ги сервисираше сите рати, во квартални или тримесечни исплати, во согласност со договорот“, соопштија од Општината.

Можеби ќе ве интересира

УЈП со важно известување до граѓаните кои заработуваат од странство – Рокот за пријавување на данок привршува

ДЕСК

Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – Летно сметање на времето

ДЕСК

Одлука на Народната банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува на 2% и во второто тримесечје од 2027 година

ДЕСК