Борбата против корупцијата е на сите нивоа, и во спортот, федерациите мора да работат законски.
Како се менаџирало со Боречката и Скијачката федерација?
Сомнежи за корупција и криминал, фалсификување на документи, непотизам, незаконски избор на претседатели во дел од федерациите, Николовски испрати документација во ЈО за гонење на организиран криминал и корупција, Мојсовски најави дисциплински
– Борбата против корупцијата е на секое ниво, потврда за тоа се двата случаи за нерегуларности во работењето на Боречката и Скијачката федерација. Оваа Влада е цврсто одлучна да ставиме крај на ова зло во секоја област па и во спортот! Нема место за корупција во спортот и федерациите мора да го почитуваат законот!
Денешната координирана активност со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, јасно ги покажува нашите заложби за борбата против корупцијата и e индикатор за успешна меѓуинституционална соработка.
По доставените претставки до мојот кабинет за работата на Боречката и Скијачката федерација, со директорот Мојсоски и вработените во Агенцијата за млади и спорт, одржавме неколку состаноци, активирајќи ги сите механизми и алатки на располагање за темелно испитување на состојбите и злоупотребите наведени во претставките и нивно понатамошно процесуирање.
Целокупната документација доставена од подносителите против Боречката федерација, од страна на мојот кабинет е доставена до Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Овие заеднички и координирани активности се доказ дека нема недопирливи, истовремено и јасна порака дека секаде, во секоја институција каде што ќе се утврди незаконско постапување, злоупотреби и корупција, неселективно ќе се постапува, соопшти Љупчо Николовски.