Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Бочварски од Тетово: Обиколницата кон Косово ќе го олесни патувањето на граѓаните

Тетово ќе добие обиколница кон косовската граница, потврди денеска Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски за време на увидот во реконструкцијата на улицата „Гоце Делчев”, во рамки на проектот „Поврзување со локални патишта”.

-Нова обиколница кон Косово која според Генералниот урбанистички план на Тетово предвидено е продолжување на ткн. Индустриска улица со што камионите и други возила директно би се упатувале кон регионалниот пат што води до граничниот премин Јажинце, наместо фреквентниот потег од пазарот до касарната во градот со што ќе го растеретиме и влезот во градот и обиколницата ќе даде целокупен придонес во подобрување на инфраструктурата, појасни Бочварски

Според него за Владата клучно е вилијанието на животната средина пред да се започне со основниот проект за поврзување на Тетово и Призрен.

-Но се додека не добиеме позитивни оценки од сите овие претходни студии или предфази на проектирањето секако нема да започнеме со изработка на основен проект, идејни решенија има, разговаравме со министерот за транспорт и врски од Косово на ова прашање кое што е важно за двата региони верувам, поврзување на граѓаните е многу важно, така што ги правиме сите предфази и  се проектира обиколницата околу Тетово , секако на Тетово-Јажинце кое што е важен правец на моменталниот граничен премин, со што ќе го растеретиме и влезот во градот и обиколницата ќе даде целокупен придонес во подобрување на инфраструктурата.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК